СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ
Петок во маичка со принт и молив-здолниште со шлиц
•
19 август 2022
Добро утро!
Викендот е веќе зад аголот и нашиот избор за лежерна комбинација веќе го рефлектира тоа расположение. Утрово се одлучивме да ја искомбинираме омилената памучна маичка со принт со класично црно молив-здолниште со шлиц, со што се постигнува ефективен микс на елеганција и удобност.
Фото: Pinterest
Дополнете ја комбинацијата со црни очила за сонце, спортски патики и едноставна црна кожна јакна доколку чувствувате потреба, и уживајте во петочката енергија.