Иако тропскиот бран не попушта, тоа не е причина да не изгледате дотерано, па макар и на 40+ степени.

Нашиот денешен предлог е лелеав долг фустан. Цветниот принт го прави весел и тренди, а тоа што е со V-израз и без ракави е само придобивка во овие жешки денови.

Го комбинираме со црвени влечки на потпетица, чанта и кармин во истата нијанса и бели очила за сонце.

Едноставен, практичен и лесен начин да се победи жештината, а сепак да се изгледа убаво. А, кога на тоа ќе додадете и дека е петок и викендот започнува, тогаш нема причина да не сте расположени.

Ви посакуваме супер ден!

Објавено:
30 јуни 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
704 пати