Добро утро. Викендот е пред нас, причина повеќе за добро расположение. Нашиот денешен предлог е во склад со се уште топлите летни денови.

Макси фустан со широки ракави кои можат да се носат и наместени на рамо, но и спуштени е супер летно парче кое може да ви се најде за бројни пригоди.

Горниот дел има набори и мал карнер, додека пак здолништето завршува во широк карнер. Дезенот со точки го прави уште поинтересен, а стајлингот е заокружен со сандали, шапка и чанта.

Вие можете да се инспирирате и да направите ваша комбинација со омилениот долг фустан што го поседувате.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
11 септември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
677 пати