Петок во мини здолниште со принт + ролка
•
4 декември 2020
Добро утро е. Петок е, па се надеваме дека сте расположени и покрај сивилото надвор. Со оглед дека не е толку студено, нашиот предлог е мини здолниште со интересен принт.
На тоа додадете ролка во посакуваната боја, чизми и секако капут.
Ставете црвен кармин, па дури и ако одите само до супермаркетот и разубавете си го денот и пркосете ѝ на тмурноста надвор и во буквална и метафорична смисла.