Конечно петок! Последниот ден од работната недела поминете го во фантастична и женствена комбинација составена од шик кусо здолниште со цветни апликации и сино прекрасно џемперче. Бидејќи времето надвор не ни оди во прилог, комбинацијата надополнете ја со црни хулахопки и црни чизмички на потпетица кои совршено ќе се вклопат во денешниот стајлинг. Од модни додатоци денеска единствено носиме слатка чантичка и секако, капут кој ќе ве топли во текот на целиот ден.

Имајте супер петок!

Објавено:
21 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.003 пати