Петок е, па некако веднаш нè асоцира на удобност и лежерност. Нашиот денешен предлог е плетен комплет во сива боја.

Плетено здолниште и широк џемпер се една од најпопуларните комбинации сезонава. Во случајов се во комбинација со патики, а вие можете да ги комбинирате и со чизми.

На ова додаете и кожена јакна и чанта и со тоа ќе го заокружите изгледот.

Сличен модел можете да најдете и на линкот тука.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
2 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
487 пати