Добро утро. Веруваме дека по вчерашниот успех на македонската фудбалска репрезентација и пласманот на Европското првенство и утринава ве држи убавото расположение.

Ние петокот ќе го започнеме со стандардно со предлог-стајлинг.

Овој пат, имајќи го предвид студеното време и маглата, се одлучивме за топла есенска комбинација. Составена е од плетено здолниште и ролка ( може да биде и плетен фустан). Струкот е истакнат со широк црн ремен, како контраст на остатокот од комбинацијата, а во иста нијанса се и чизмите до глужд.

Топлината ќе ви ја обезбеди и широката карирана марама, односно марама-ќебе, посебно популарен модел сезонава. 

Мала чанта и капут и подготвени сте.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
13 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
606 пати