Последниот ден од неделата го дочекавме со фантастично сонце кое толку многу ни требаше. По тој повод, денеска блеснете во стилска комбинација и покрај тоа што температурите се малку ниски. Носиме долго плетено фустанче во пруги и го комбинираме со стилски црни чизми до колената кои се совршен пар на ваквите парчиња. Стоплете се и бидете вистинска дама со овој долг елегантен капут во црна нијанса, а комбинацијата надополнете ја со шик зелена шапка, црна чантичка и очила за сонце на кои долго време чекавме. Уживајте во фантастичното петочно сонце! 

Објавено:
27 јануари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
788 пати