Добро утро. И овој петок го започнуваме со стандардната рубрика „Стајлинг на денот“. Иако сите треба да бидеме во нашите домови, да покажеме дисциплинираност и одговорност со цел да го зачуваме нашето и здравјето на другите, сепак овие комбинации можат да ви послужат како инспирација за деновите кога се ќе помине или пак, доколку сепак имате некоја итна потреба да излезете од дома.

Нашиот денешен предлог е плетено здолниште во весели бои, кое е искомбинирано со блуза, кожена јакна и патики. Мала чанта, а можете да додадете и марама, како и шешир или капа, се модните додатоци со кои можете да го завршите стајлингот.

Ви посакуваме убав ден и добро здравје.

 

 

Објавено:
27 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
500 пати