Иако официјално сѐ уште не е дојдена пролетта, тоа не значи дека денеска не треба да блеснете во полн сјај и да уживате во оваа фантастична комбинација. Носиме интересни фармерки обоени во темна сина во долниот дел и ги комбинираме со нежна сина кошула. Оваа тексас јакна денеска е во центарот на вниманието поради неодоливите цветови извезени во позадината. Во чест на сонцето, нека целата комбинација биде неодолива сина, па така и чантата и чевлите со слатка панделка.

Уживајте во последниот ден од работната недела! 

Објавено:
3 март 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
955 пати