Добро утро. Петок е, викенд следи, доволно добра причина за добро расположение. А кога сме добро расположени, често го рефлектираме тоа и со изборот на облека.

Нашиот денешен предлог е макси фустан со широк крој. Материјалот е со принт со ситни точки, а трите широки карнери кои го сочинуваат долниот дел на фустанот, му даваат романтична нота.

Сандали, или еспадрили или патики - одлучете се за она што ви е најудобно, а шеширот е одличен моден додаток, а воедно и заштита од сонце.

Имајте убав ден.

 

Објавено:
24 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.345 пати