Добро утро. Сигурни сме дека сте во добро расположение, особено бидејќи не' очекува продолжен викенд. Ние за денешниот предлог-стајлинг се инспириравме од високите температури кои не' очекуваат и во наредните денови.

Широк фустан е идеалното парче на жешко време. Во конкретниов случај е во розова боја и со широки карнери. Ракавите се исто така широки, за ништо да не ви ја допира кожата претерано.

Изборот на обувки може да го прилагодите на вашиот моден сензибилитет - балетанки, сандали, патики, еспадрили... На фотографијата чантата е исто така во розова нијанса, но може да одберете и друга боја, за да го направите стајлингот поразигран.

Траката за коса и очилата за сонце се модните додатоци со кои е заокружен стајлингот.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
31 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
523 пати