Добро утро. Петок е, се надеваме дека сте во добро расположение и дека не' читате и утрово.

Со оглед на убавото време, овој пат одлучивме да ве инспирираме со една лесна и удобна комбинација.

Одберете ги омилените широки панталони со дезен и искомбинирајте ги со едноставна маичка или туника. Во конкретниов случај се во виолетови нијанси, но вие одберете некоја што ви е вам омилена или ја имате во гардероберот.

На тоа додадете сандали на потпетица, секако и чанта, а можете да го заокружите изгледот и со шешир.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
4 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
649 пати