Добро утро. Сигурни сме дека веќе направивме планови за овој продолжен викенд и ви посакуваме да си го поминете во добро расположение.

А ние и денес ќе ве инспирираме за тоа како би можеле да се дотерате.

Времето ќе биде топло, затоа наш избор е широко асиметрично здолниште во свежа зелена нијанса, вие одберете и некоја друга која ви е омилена и искомбинирајте го со маица.

На тоа додајте сандалки со ниска потпетица кои се апсолутен хит сезонава. Очила за сонце и чанта се модните додатоци со кои можете да го заокружите изгледот.

Имајте убав ден.

Објавено:
18 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
640 пати