Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па прославете со тоа што ќе одберете удобна и шик комбинација во која ќе уживате во текот на целиот ден. Денеска носиме модерни црни фармерки и ги комбинираме со нежна сина ролка во која ќе се стоплите и секако, стилски капут во малку потемна сина нијанса. Чизмите се црни и особено впечатливи поради светкавите детали во пределот кај потпетицата. Чантата секако е задолжителна, а подеднакво важни се и очилата за сонце во сина нијанса.

Имајте супер петок и уште поубав викенд. 

Објавено:
2 декември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
571 пати