Последниот ден од работната недела го дочекавме со прекрасно сонце во кое се чини ќе уживаме целиот ден, па без проблем можеме да се дотераме.

Денеска носиме тексас здолниште и го комбинираме со шик блузичка во сива нијанса со интересни отвори на ракавите.

Комбинацијата задолжително надополнете ја со соодветни хулахопки и шик чизмички во розова нијанса, а капутчето нека биде по ваш избор.

Чантата е во бела нијанса, а на вас ги оставаме сите детали како накитот и модните додатоци.

Имајте супер ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
11 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
548 пати