Последниот ден од работната недела го дочекавме со облачно и малку постудено време и тоа значи дека треба добро да се облечеме.

Денеска носиме фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со топла ролка во сива нијанса. Бидејќи со ролката доволно ќе се стоплиме, денеска без проблем комбинацијата надополнете ја со шик кожена јакна во црна боја.

Во денешната комбинација сè се врти околу деталите, па така носиме црна стилска шапка, чанта со реси и удобни бели патики.

Уживајте во последниот работен ден!

Фото: Pinterest

Објавено:
8 февруари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
674 пати