Петок во стилска комбинација во пруги
•
17 март 2017
Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па сега е време да одберете шик комбинација во која ќе можете да уживате и после работните обврски. Денеска носиме фармерки со висок струк и ги комбинираме со лежерна блузичка во сино – бели пруги. И утрово е малку студено, па без размислување комбинацијата надополнете ја со ова широко сиво палто и рамните чевли во сина нијанса. Чантата е во малку потемен тон, а што се однесува до накитот, ги носиме омилените кружни обетки за оваа пролетна сезона.
Уживајте во последниот ден од работната недела!