Конечно дојде и последниот ден од работната недела, па да го прославиме тоа со неодолива комбинација составена од шик сини парчиња. Денеска носиме стилски фармерки со апликации во предниот дел и ги комбинираме со шармантна кошулка со сино – бели пруги и панделки на ракавите. Токму овој модел е еден од омилените за оваа сезона, па доколку сѐ уште не си набавивте од истиот, сега е вистинското време за тоа. Комбинацијата надополнете ја со овие балетанки во сини нијанси, а што се однесува до модните додатоци, носиме тренди обетки со реси и секако, неизбежните очила за сонце.

Имајте убав петок! 

Објавено:
28 април 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
564 пати