Петок во свилена кошулка и карирано палто
•
31 мај 2019
Конечно петок и ден пред омилениот викенд! Утрово се разбудивме со малку пониски температури и облачно време, па тоа значи комбинација со повеќе парчиња.
Носиме едноставни бели панталони и ги комбинираме со шармантна розова кошулка со копчиња, а утринава и карирано палто за комбинацијата да биде дополнително стилска.
Истата заокружете ја со високи потпетици во крем нијанса и кафена мини чантичка.
Уживајте во денот!