Конечно дојде и најубавиот ден од работната недела, па прославете со оваа слатка есенска комбинација која покрај тоа што изгледа супер истата ќе биде совршена да се заштитите од ниските утрински температури. Денеска носиме интересно колор блок здолниште составено од неколку бои и го комбинираме со топол џемпер во темно црвена боја. Со оглед на ниските температури, задолжителни денеска се хулахопките, а секако и најпосакуваната тексас јакна за оваа сезона. Не двоумете се и почнете ја сезоната на ниски чизми кои денеска ќе бидат совршен спој со останатите парчиња. Што се однесува до модните додатоци, носиме слатка ранче – чанта во темно црвена боја и марама која ќе ја врземе околу вратот.

Имајте прекрасен петок!

Објавено:
23 септември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.088 пати