Петок е и тоа е одлично. Но, и покрај тоа што имаме сонце, надвор е права зима. Токму затоа и нашиот денешен предлог е топла зимска комбинација.

Во конкретниов случај е составена од џинс (кој не мора да е искинат, а и можете да го замените со тесни панталони) и топол волнен џемпер. На тоа се додадени чизми до глужд и крзнен капут со принт.

Не излегувајте од дома без капа и волуменозен шал.

Ви посакуваме убав и топол ден!

Објавено:
24 јануари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
920 пати