Петок во впечатливо палто и тесни панталони
•
9 февруари 2018
За крајот на работната недела ви подготвивме една впечатлива комбинација. Ако вашите планови за викенд се да излезете од дома и да се забавувате со пријателите, тогаш овој предлог-стајлинг ќе ви послужи како одлична инспирација.
Ние се одлучивме за тесни црни панталони, кои ги комбинираме со впечатливо палто со принт, со набрани ракави и истакната половина.
На тоа додаваме чевли на висока потпетица и ремче со златен детаљ во предниот дел, како и мала црна чанта.
Црвениот лак и кармин се задолжителни.
Имајте супер забавен петок!