Добро утро. Петок е, се надеваме супер сте расположени. Нашиот предлог - стајлинг кој може да ви послужи како инспирација како да искомбинирате некои парчиња што веќе ги поседувате во гардероберот денеска е женствен.

Одберете здолниште во широк крој, кое ќе го искомбинирате со бела кошула, врз која ќе облечете блуза или тенок блузон.

Стајлингот надополнете го со беретка и обувки до глужд. Мала чанта и јакна доколку сте зимурливи и комбинацијата е комплетна.

Вие направете ваша верзија на овие парчиња и уживајте во денот.

Имајте убав петок.

Објавено:
26 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
844 пати