Петок во здолниште на копчиња и високи чизми
•
22 ноември 2019
Работната недела ја завршуваме со една секси комбинација. Петок е, тргнете ги грижите на страна и забавувајте се малку.
Нашиот денешен предлог е мини здолниште од сомот со копчиња во предниот дел. Искомбинирано е со волуменозен џемпер со ролка, а карираниот капут во зелени и црвени нијанси совршено се надополнува со остатокот од стајлингот.
Комбинацијата е заокружена со високи чизми од велур, како и дискретен накит.
На тоа додадете само добро расположение и имајте супер петок!