Добро утро. Сонцето денеска повторно нè израдува и пред нас е убав ден. Инспирирани од тоа, нашиот денешен предлог е фустан токму во жолта нијанса.

 

Нагласените кратки ракави како и панделката под гради го прават уште повпечатлив. Принтот со црни точки е уште еден тренд имплементиран во моделт поради кој ни го привлекува вниманието. Должината е миди, а е во комбинација со сандали таканаречени гладијаторки. 

Вие секако можете да одберете модел кој вам ви се допаѓа и да додадете чанта на пример во контрастна нијанса.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
22 мај 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
418 пати