Последниот ден од работната недела поминете го во прекрасна нежна комбинација составена од неколку клучни парчиња, претежно во жолта нијанса. Носиме едноставни црни панталони и ги комбинираме со колоритно џемперче. Чевлите денеска се рамни и во шармантна жолта нијанса, а чантата е малку посветла. Од накит единствено носиме слатки, мали обетки, а целиот акцент од шминката, ставете го на усните!

Уживајте во последниот работен ден пред продолжениот викенд! 

Објавено:
9 октомври 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
942 пати