Добро утро. Новата работна недела ја започнуваме со деловна комбинација. Нашиот денешен предлог е кошула фустан во бела нијанса, врз која пак е искомбиниран тесен фустан со пепито дезен.

Голема црна чанта, што веруваме секоја жена ја поседува од практични причини и црни кожени обувки до глужд се модните додатоци со кои комбинацијата е заокружена.

Вие на ова додадете и тенок капут или мантил.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
9 март 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
841 пати