Зпочна викендот, а со оглед дека времето се поправи, искористете го за прошетка и весела дружба со пријателите.

За тоа ние ви предлагаме и еден стајлинг во кој ќе се чувствувате удобно, а ќе бидете и тренди.

Темносивите панталони ги комбинираме со прекрасно пончо во сиви и бордо нијанси. Одоздола можете да си ја облечете омилената блуза или кошула, а кога се обувките во прашање, време е да ги одморите нозете и да облечете патики. Сето тоа можете да го најдете во продавниците на „Манго“ во „Сити Мол“ или ГТЦ.

Од модните додатоци предлагаме и есенски шешир во истите нијанси и подготвени сте за викенд-дружба.

Шеширот можете да го најдете во „Парфоа“ во „Сити Мол“. 

Имајте супер забавен викенд!


Комбинација: Fashion Group

Шминка: Елена Андовска

 

Објавено:
8 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.134 пати