Понеделник во бел џинс и џемпер
•
18 април 2022
Добро утро. Нова работна недела е пред нас, а ние секако ја започнуваме со нов предлог за инспирација.
Со оглед на ниските утрински температури, облекувањето знае да биде незгодно. Најдобра опција е да биде слоевито.
Денешната комбинација е составена од бел џинс и џемпер во колор-блок комбинација.
Одоздола облечете маица, или пак додадете јакна, за да можете да бидете во склад со временските услови.
Чизми до глужд и чанта и подготвени сте за нови предизвици.
Ви посакуваме успешна работна недела.