СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Понеделник во бела кошула и бели шорцеви

25 јули 2022

Добро утро!

Најдобар начин да ја започнете работната недела е да му ја дадете слободата на вашето тело пред да започнат да се наслојуваат обврските. За овој летен жежок ден, одберете едноставна комбинација која ќе ви овозможи слободно движење и лежерност, како овој бел микс од памучна кошула и памучни шорцеви.

Фото: Pinterest

Доколку сакате да му дадете дополнителен елегантен изглед на ова релаксирано комбо, одлучете се за класични модни додатоци и црни акценти кои ќе го разбијат монотоното белило.

Имајте убав понеделник.

Објавено:
25 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
369 пати