Добро утро. Понеделник е, почнуваме и нова работна недела, но и нов месец. 

Нашиот денешен предлог е една деловна комбинација, но воедно и женствена и тренди. Составена е од бела кошула, односно блуза со волуменозни ракави во комбинација со карирана тиролка, која е со дворедно закопчување и миди должина.

Со високи чизми или пак чевли со оглед на сончевото време, ќе оставите добар впечаток.

Додајте чанта во некоја интензивна нијанса и секако тенок капут и започнете го март со стил.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
1 март 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
651 пати