Понеделник во бели панталони и плетена блуза
•
30 март 2020
Добро утро. И оваа недела ја започнуваме со утринската рубрика „Стајлинг на ден“, наменета за оние што можеби мораат да одат на работа или за оние што сакаат да се инспирираат за некои подобри денови.
Нашиот денешен предлог е комбинација од бели класични панталони и плетена бела блуза. Стајлингот е завршен со краток капут во беж нијанса, нежна кафена чанта и чевли на висока потпетица во светла нијанса.
Дискретен накит и очила за сонце ќе ја подобрат комбинацијата.
Ако немате потреба, седете дома и чувајте го здравјето.
Имајте убав ден.