Веќе знаете дека ова лето најголем хит се фустаните со копчиња во предниот дел, па и ние се вљубивме во нивната лежерност и обожаваме да ги носиме.

Денешната комбинација се состои токму од такво фустанче во бела нијанса и мало деколте со јака во горниот дел. Копчињата овој пат се малку поситни и распоредени во предниот дел, што дава една романтична и нежна нота.

Фустанчето го комбинираме со популарните влечки за ова лето во бела боја и чанта во прекрасна крем нијанса.

Од модни додатоци единствено носиме очила за сонце, а што се однесува до накитот, оставаме на вашата фантазија.

Уживајте во сончевиот понеделник!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
18 јуни 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
664 пати