Понеделник во бело-сина комбинација
•
3 септември 2018
Новиот месец и новата работна недела ги започнуваме во деловна комбинација. Нашиот денешен предлог е бела кошула со тенка панделка, која ја комбинираме широко здолниште со црно-бел принт.
На тоа додаваме кратка јакничка на патент во интензивна сина боја, а токму во таа нијанса се и чевлите.
Комбинацијата ја заокружуваме со сино-бела чанта.
Сигурни сме дека и облеката ќе придонесе за да се чувствувате уште посигурни во себе и да ја започнете новата сезона на обврски успешно.
Имајте убав ден!