Добро утро. Се надеваме дека и овој понеделник сте во добро здравје и расположение. Ние и овој пат го започнуваме денот со предлог-стајлинг.

Нека послужи како инспирација за периодот што доаѓа или за стајлинг на работното место.

Нашиот денешен предлог се беж панталони со висок струк, фалти и џебови, кои имаат доза на елеганција која совршено може да се вклопи во различни комбинации. Овој пат, е нагласена со свилена маичка/кошула и кратко бело палто.

Изборот на обувки се беж салонки, а со очила за сонце и голема чанта, каква веруваме секоја жена поседува и ѝ е потребна, ќе го заокружите изгледот.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
27 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
713 пати