Иако првиот ден од работната недела го дочекавме со дожд, тоа не значи дека не можеме да си направиме супер стајлинг. Денеска носиме шик искинати фармерки и ги комбинираме со едноставна црна маичка. Со оглед на времето и малку пониските температури, комбинацијата „зачинете“ ја со ова неодоливо бохо палто украсено со прекрасни апликации. За да можете слободно да ги завршите сите обврски, комбинацијата надополнете ја со овие затворени чевли на потпетица со кои ќе се чувствувате безбедно од дождот. Чантата е црна и во согласност со чевлите, додека накитот како и секогаш супер впечатлив!

Објавено:
13 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
482 пати