Првиот ден од работната недела не секогаш значи дека мора да биде тежок. Денеска дотерајте се и блеснете во полн сјај каде и да се појавите. Ова дефинитивно е време кога можете да носите и чизми и куси ракави, па така денеска носиме едно навистина лесно фустанче и го комбинираме со најпосакуваните високи чизми за оваа сезона. Стилската и женствена комбинација надополнете ја со неодолива чанта – ранче, очила за сонце, нежни сребрени обетки и кафен кармин.

Имајте успешен и стилски старт на работната недела!

Објавено:
3 октомври 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
884 пати