Добро утро. Нова работна недела е пред нас, па токму затоа и нашиот предлог кој треба да послужи како инспирација за тоа како можете да изгледате денес или можеби некој друг ден, е во деловен стил.

Се работи за одело во црно-бела комбинација. Поточно, оделото е бело, а збогатено е со црни паспули околу реверите и на рабовите на панталоните.

Во истата комбинација на бои се и чевлите на висока потпетица. Чантата е впечатлива и интересна, а марамата како моден додаток  внесува романтична и женствена нота.

Секако, вие можете да додадете маичка или кошула на стајлингот, за да го прилагодите на работното место.

Ви посакуваме успешна работна недела.

Објавено:
10 мај 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
432 пати