Понеделник во црвена шик комбинација
•
6 март 2017
Првиот ден од работната недела поминете го во шик комбинација, иако се чини дека денеска можеби и нема да имаме сончево време како што тоа беше случај минатата недела. Денеска носиме тесни фармерки со цветни апликации и ги комбинираме со црвена блузичка со карнери. Бидејќи утрата сѐ уште се студени, комбинацијата надополнете ја со ова црвено палто и високи чизмички кои се совршен спој со чантата и стилската шапка.