Почетокот на работната недела започнете го во комбинација со црвени детали со која ќе оставите впечаток каде и да се појавите! Носиме волуменозно здолниште со висок струк и црвени цветови по површината. Го комбинираме со едноставна маичка во риги и рамни чевли со ремчиња. На комбинацијата совршено ќе одговара вашето омилено ранче во црна боја, а секако тука се и очилата за сонце и црвениот кармин што денеска е задолжителен!

Ви посакуваме убав почеток на работната недела.

Објавено:
27 јули 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
807 пати