Добро утро. Новата работна недела е пред нас, а ја започнуваме со сонце, што е доволно за добро расположение.

Нашиот денешен предлог е комбинација која можете да ја искористите и во деловен контекст, но и за некоја друга пригода.

Составена е од долго здолниште со реси и верзија на етно принт, класична бела кошула и црн блејзер со шриок ремен, кој придонесува за нагласување на фигурата.

Високи чизми во црна нијанса и чанта во беж се модните додатоци со кои е заокружен изгледот, а вие можете да направите ваша верзија на овој наш предлог.

Ви посакуваме убава работна недела.

Објавено:
17 јануари 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.950 пати