Добро утро. Понеделникот не ни започнува баш со ведро време, но да се потрудиме да му пркосиме.

Ако ѝ веруваме на временската прогноза, денеска ќе нè очекува дожд, затоа не излегувајте од дома без чадор.

А кога е облеката во прашање нашиот предлог за инспирација е комбинација составена од фармерки (mom jeans), бела кошула и кариран блејзер во минт нијанса.

Изборот на обувки во конкретниов случај се сандали на висока потпетица, а вие направете го изборот според вашите можности. 

Чантата е во интензивна зелена боја, но може да дојде предвид и некоја друга, што ќе внесе дополнителна динамика.

Ви посакуваме убав и успешен старт на новата работна недела.

Објавено:
7 јуни 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
338 пати