Добро утро. Нова работна недела е пред нас и ја започнуваме со сонце.

Нашиот денешен предлог е комбинација составена од џинс, бела плетена блуза и миди капут со кариран принт.

Линијата на капутот е строга, но со чантата околу половината, не само што се истакнува струкот, туку и се дава street style нота на стајлингот.

На фотографијата изборот на обувки се колор-блок чевли, но вие секако можете да ги замените со чизми, високи или до глужд. 

Објавено:
1 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
686 пати