Понеделник во џинс + ролка + пепито капут
•
21 декември 2020
Добро утро. Уште десетина дена до крајот на овој месец и година, па одбројувањето почнува од денеска.
Ние новата работна недела ја започнуваме стандардно со стајлинг на денот.
Нашиот денешен предлог се фармерки во комбинација со топла ролка и долг пепито капут. На тоа додадете чизми до глужд и чанта.
Ако немате строго пропишан дрес-код на работното место може да ви послужи и како инспирација и за тоа.
Ви посакуваме убав ден и успешна седмица.