СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Понеделник во есенско палто и краток џинс

19 септември 2022

Добро утро!

Почетокот на работната недела нè пречекува со пониски температури, па затоа денес се одлучуваме за лесно есенско палто во светла кафена нијанса, ролка во соодветна боја и кратки пантолони од светол џинс со специфичен дизајн кој постигнува ефект на мини здолниште.

Фото: Pinterest

Комлетирајте го изгледот со црни чизми над глуждови или црни Dr. Martens и едноставна црна чанта, и уживајте во есенскиот аутфит совршен за секоја прилика.

Објавено:
19 септември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
535 пати