СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Понеделник во фармерки, плетен џемпер и кафено палто

10 октомври 2022

Добро утро!

Некогаш наједноставните комбинации се најдобриот избор за есенските утра и почетоците на работните недели. Денес се одлучуваме за лежерна комбинација со која совршено би се вклопиле во речиси секоја дневна пригода.

Фото: Pinterest

Вашиот омилен удобен и плетен џемпер во беж боја, искомбинирајте го со класични фармерки и долго есенско кафено палто. Комплетирајте го аутфитот со црни кожни чевли и дискретна црна кожна чанта.

Имајте убав понеделник!

Објавено:
10 октомври 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
825 пати