Понеделник во фустан со карнери
•
23 мај 2022
Никогаш доста од фустани со карнери.
Одговараат секому, лежерни се и пријатни за носење, а истовремено романтични.
Идеални за лето.
Оваа недела ја стартуваме токму со еден таков модел во беж нијанса.
Може да го комбинирате со патики или сандали, со сламена чанта или со мини чанта-ранец, со масивни очила за сонце и суптилен накит.
Уживајте во денот.