Првиот ден од работната недела го започнавме со прекрасно сонце и одлична температура во градот, па по тој повод од плакарот извадете го најубавото летно фустанче.

Денеска ви предлагаме супер летна комбинација составена од неодоливо фустанче со откриени рамена и куси лежерни ракавчиња.

Фустанчето има неодолива цветна шара која совршено одговара на портокаловата подлога.

Комбинирајте го со сандали во беж боја на висока потпетица и шик очила за сонце.

Имајте супер ден!

Фото: Pinterest/Lulus

Објавено:
16 јули 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
324 пати