Оваа работна недела стартувајте ја со забавна комбинација која ќе вклучи спој на повеќе бои и принтови. Сезонава особено се ИН волнените топли палта во интензивни бои, а ние ви препорачуваме да одберете капут во впечатливо жолта боја. Под капутот комбинирајте блуза со графички принт и шорцеви со пепито дезен. Комбинацијата заокружете ја со секогаш популарните Dr.Martens чизми, а со оглед на тоа дека и денешниот ден ќе го уживаме со сонце, одберете лененонки очила за сонце со стакло во впечатлива боја.

Објавено:
9 ноември 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
721 пати